Lenovo можеби ја купи Motorola и го контролира развојот на нивната одлична гама на смартфони, но истовремено не престанува да лансира свои телефони. K8 Note е нов уред од средната класа, кој како и скоро сите смартфони на Lenovo досега, има одлични спецификации и прилично ниска цена на индискиот пазар.

K8 Note има 5,5 инчен дисплеј со Full HD резолуција и процесор од MediaTek со 10 јадра, кој не би требал да има проблем да го направи работењето со смартфонот брзо и мазно. Зависно од верзијата, тој е помогнат од 3 GB рам и 32 GB простор или 4 GB рам и 64 GB простор, со можност за проширување преку micro SD картичка и кај двете изведби. Батеријата има одлични 4.000 mAh, што значи дека траењето со едно полнење не би требало да претставува проблем.

Телефонот може да се пофали и со прилично моќни камери, барем на хартија. Назад модулот е двоен, односно има еден сензор од 13 мегапиксели и еден од 5 мегапиксели за мерење на длабочината, со цел сликање на фотографии со плиток фокус. Селфи камерата има 13 мегапиксели, што е исто така одлична вест за помладата генерација.

Интересно, K8 Note има и “Music” копче од страната, кое може да се програмира за лансирање на апликација по желба на корисникот и за прв пат кај брендот, ќе доаѓа со чист Android Nougat 7.1.1, за кој Lenovo ветува брзо надградби.

Најголем адут на Lenovo K8 Note скоро сигурно е цената – моделот со 3 GB рам чини само 203 долари, додека оној со 4 GB рам чини 217 долари. Овие цени веројатно би биле повисоки кога телефонот ќе пристигне на нашиот пазар, но и покрај тоа тие и натаму би биле конкурентни во средната класа, каде ретко има смартфони со вакви спецификации.

Извор: PhoneDog, SlashGear, GSMArena

Претходна статијаТинејџерка конструирала 3D принтани леќи кои со смартфон можат да откријат дијабетична ретинопатија
Следна статијаПротекоа фотографии од Nokia 8 со вклучен дисплеј на кој ги има и спецификациите