Facebook веќе одреден период му конкурира на YouTube со воведувањето на платформата за видеа која корисниците масовно ја користат. Кога на тоа ќе се додаде воведувањето на видеа во живо, може слободно да се каже дека Facebook длабоко навлезе во територијата на YouTube.

Видео содржина на Facebook може да објавува кој сака, а истата стана поинтересна за гледање кога почнаа да ја користат професионалците, односно кога телевизиите и другите продукциски куќи решија да ја објавуваат својата содржина на оваа мрежа.

Со ова Facebook стана сериозно место каде може да се најде голем избор од најразлична видео содржина, а истата со тек на време се повеќе се зголемува.

Поради тоа, не е воопшто неочекувано што од компанијата решија да овој дел од мрежата го издвојат дополнително како посебна платформа наменета само за видео содржина и со тоа дефинитивно да му станат директна конкуренција на YouTube.

Платформата е наречена Watch и истата ќе биде интегрирана како дел од главната Facebook страна. Корисниците и понатаму ќе ги гледаат видеата на нивната листа со новости, но сега ќе имаат посебно место наменето само за гледање видеа.

Видеата ќе бидат поделени по видот на содржина, како и според нивната популарност и гледаност од страна на пријателите.

Со оглед на доволно големата количина на видео содржина на Facebook, ова е прав момент истата да биде издвоена во посебна платформа, па веруваме дека корисниците сега ќе имаат уште една причина да ја посетат оваа и така веќе најмногу посетувана интернет страна.

Facebook Watch ќе биде достапна преку сите начини до кои можете да пристапите до Facebook, односно преку десктоп и мобилните апликации, како и апликациите за паметните телевизори. Достапноста на платформата во целиот свет не знаеме со кое темпо ќе се одвива, па останува да почекаме кога ќе стане достапна за корисниците во Македонија.

Извор: Facebook, PCMag

Претходна статијаSamsung го претстави супер издржливиот Galaxy S8 Active
Следна статијаТинејџерка конструирала 3D принтани леќи кои со смартфон можат да откријат дијабетична ретинопатија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.