Tesla официјално ја пушти интеграцијата на нивниот систем за забава со Steam сервисот за игри. Со ова, сопствениците на поновите Model S и Model X од оваа година, ќе можат да ги играат достапни повеќе од 6000 игри на Steam.

Достапноста кај овие модели е во главно поради подобрите карактеристики кои ги има системот, заедно со 17 инчниот екран во „пејзаж“ позиција и 16GB RAM.

Игрите кои се достапни се тие кои се верификувани како прилагодени за играње преку Steam Deck, мала играчка конзола од компанијата која работи на SteamOS. Ова е систем направен на основа на Linux, па не сите игри кои им се достапни на PC корисниците може да се играат.

Во Tesla корисниците ќе можат да поврзат контролери, но и глувче и тастатура. Ова секако не е замислено да може да се користи при возење, од познати причини, но можноста за забава при подолги периоди на чекање е тука.

Претходна статијаTwitter го суспендира профилот кој го следеше приватниот авион на Елон Маск
Следна статијаTwitter го забрани споделувањето на нечија локација во вистинско време
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.