Фото од Akshar Dave🌻 на Unsplash

По суспендирањето на сметката направена од страна на 19 годишниот Џек Свини, која ја објавува точната моментална локација на приватниот авион на Елон Маск, Twitter ги промени правилата за овој вид на сметки.

На оваа мрежа веќе нема да може да се објавува локацијата во вистинско време на личности, а секој кој го прави тоа ќе биде суспендиран.

Се постави прашањето што е тоа што се има променето од минатиот месец кога Маск истакна дека неговата посветеност кон слободата на говор ги опфаќа и ваквите сметки, па иако тие може да претставуваат ризик за него, тој нема да ги суспендира.

Одговорот дојде со најавата за промената на правилата, па изгледа дека потенцијалниот личен ризик се има остварено, поради што Маск се има решено да ги забрани ваквите сметки.

Според информациите, човек го има следено автомобилот во кој се возел синот на Маск, по што го има блокирано неговото движење, а и според Маск, се има качено на хаубата.

Тој поради ова најави дека ќе покрене правни активности против Свини и сите организации кои даваат поддршка за нарушување на безбедноста на неговото семејство.

Според новите правила, можно ќе биде споделување на локацијата, но со одредена пауза, не во вистинско време, како и споделувањето на локацијата поради некој настан во одредени ситуации.

Претходна статијаTesla автомобилите официјално ја добија можноста за играње игри преку Steam сервисот
Следна статијаTikTok тестира хоризонтален видео формат на целиот екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.