Twitter профилот „@elonjet“ од денеска не е достапен, односно е суспендиран. Овој профил, кој е направен од страна на 19 годишниот Џек Свини, има само еден вид на објава, а тоа е локацијата на приватниот авион на Елон Маск.

Според информациите, Маск се обидел да му понуди пари на Свини за да ја исклучи сметката, но тој побарал доста повеќе пари, па не успеале да се договорат.

Свини изминатите денови објави дека му имаат испратено делови од разговор во Twitter од кои се гледа дека се бара ограничување на сметката, но после кратко враќање во нормала, истата е суспендирана.

Причината поради која што овој профил повторно привлекува внимание е објавата од страна на Маск во која тој кажува дека нема да направат суспензија поради слобода на говор.

Тој истакна дека неговата посветеност кон слободата на говор ја опфаќа и оваа сметка, иако таа претставува директен и личен безбедносен ризик.

Што го има премислено Маск во меѓувреме не е познато, па изгледа подобро ќе беше да не ја дадеше првата изјава и веднаш да ја суспендираше оваа сметка која и воошто не требаше да постои уште од почеток.

Претходна статијаНовата Media Player апликација од Windows 11, Microsoft ја донесува на Windows 10
Следна статијаTesla автомобилите официјално ја добија можноста за играње игри преку Steam сервисот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.