Фото: Microsoft

„Гејмерите“ со најновите тест верзии од Microsoft Edge добиваат одлична нова функција која ќе им овозможи пребарување на тоа што им е потребно на интернет без потреба од прекинување на играта. 

Новата функција е наречена Microsoft Edge Game Assist и истата е во тест „Preview“ фаза и достапна само со инсталација на beta или dev верзијата од Edge. 

Microsoft Edge Game Assist функционира преку интеграција со Game Bar функцијата на Windows, односно како уште еден „виџет“ кој може да се додаде преку Game Bar. 

За корисниците кои не се запознаени, Game Bar им овозможува на корисниците да додадат „виџети“ кои се појавуваат врз играта, па со тоа корисниците можат да ги проверат перформансите на нивниот компјутер, да ја проверат Xbox Social апликацијата, Teams, Spotify и слично. 

Сега на истиот начин тие ќе можат да ја додадат оваа нова помала и прилагодена форма од Edge и за време на играњето на имаат целосен интернет прелистувач.

Со тоа корисниците веќе нема да мора да го користат нивниот мобилен телефон или да се тргнат од играта за да проверат одредени работи на интернет и тоа ќе можат да го направат директно во играта. 

Со оглед на тоа дека се работи за истата верзија од Microsoft Edge, сите страни на кои се најавени корисниците ќе останат најавени и преку Game Assist, па нема да мора тоа да го прават повторно. 

За одредени игри Game Assist ќе има поддршка за прикажување на посебни предлози за одредени страни кога ќе се отвори нов „таб“, а листата на игри треба да се зголеми со тек на време. 

Најкорисната работа која Microsoft Edge Game Assist им ја овозможува на корисниците е гледање на совети за игрите додека играат, како и можноста да пуштат видео кое ќе се прилагоди во мал дел од екранот. 

Со можноста за „закачување“ на Game Assist, прелистувачот ќе продолжи да се прикажува врз играта и кога другите „виџети“ ќе се тргнат, а со тоа ќе може да се игра и да се гледаат потребни информации од Edge.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаInstagram добива можност за ресетирање на предлозите од страна на алгоритамот
Следна статијаПрвите MacBook Pro со OLED екрани може да се очекуваат дури во 2026 или 2027 година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.