MacBook Pro лаптоп компјутерите моментално доаѓаат со екрани со mini-LED технологија, па може да се каже дека сепак овие уреди доаѓаат со доволно добри екрани. 

Сепак, OLED технологијата се смета како доста подобра, барем за одредени видови на содржина, а тука е и предноста од подобрата заштеда на енергија поради начинот на функционирање на истата. 

Според информациите, Apple веќе ги подготвува производителите за инвестирање во OLED екрани со поголеми димензии, поточно такви за лаптоп компјутерите. 

Информацијата доаѓа од тајванската истражувачка компанија TrendForce, а според нив првите MacBook Pro компјутери со OLED екрани може да се очекуваат помеѓу 2026 и 2027 година. 

Ова е веќе стандардно за Apple да доцнат со воведувањето на одредени технологии, а тоа сепак да не е поради чекање истите да бидат доволно развиени. OLED технологијата одамна е развиена и се користи стандардно, па може да се каже дека нема оправдание за одложувањето од страна на компанијата. 

iPad Pro таблет компјутерите првпат добија OLED екран дури оваа година, а сепак мора да се признае дека можеби и имало причина за чекање до сега. Истите доаѓаат со двоен OLED екран, со што се добива подобра светлина и бои од тоа што обично се очекува од оваа технологија. 

За идната година од MacBook Pro не треба да се очекува повеќе од добивање на новите чипови за идната година, но и тоа не е мала работа, посебно за професионалците на кои им е потребна моќта. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft Edge доби можност да се прикажува во игрите преку Game Bar 
Следна статијаСмартус ја објави својата Black Friday 2024 понуда
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.