Фото: Meta

Содржината која што ја гледаме на Instagram, како и на другите друштвени мрежи, е прикажана од страна на алгоритам кој врз основа на нашите интереси и интеракција на мрежата, одлучува што да ни биде прикажано. 

Ова е веќе одамна познато, а и сме пишувале на темата повеќе пати. Се што правиме на друштвените мрежи, како притискање на „лајк“ на објави, нивно споделување и отворање, видеата кои ги гледаме, луѓето кои ги следиме и слично, се зема во предвид за да се добие претстава што е тоа што би сакале да го видиме. 

Сега Meta ќе овозможи овие предлози од страна на алгоритамот да бидат ресетирани и целиот процес да почне од почеток. 

Ресетирањето ќе важи за целата содржина која ја гледаме на Instagram, односно за стандардните објави, за „explore“ делот, како и за Reels. 

Можноста за ресетирање наскоро ќе им стане достапна на сите корисници во светот, а до истата едноставно ќе може да се дојде преку прилагодувањата на апликацијата. 

По ресетирањето, алгоритамот повторно ќе почне да ги учи навиките и преференциите на корисниците, по што корисникот ќе почне да гледа различна содржина, доколку не продолжи да ја користи мрежата на целосно ист начин. 

Од Meta иако оваа новина ја пуштаат за сите корисници, ја промовираат како доста важна за помладите, односно тие под 16 години. Покрај стандардните заштити, на овој начин тинејџерите ќе можат подобро да ја прилагодат содржината што ја гледаат, во случај истата да не е баш погодна за нив. 

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Meta
Претходна статијаSamsung посака добредојде на поддршката за RCS која дојде кај iPhone
Следна статијаMicrosoft Edge доби можност да се прикажува во игрите преку Game Bar 
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.