Instagram веќе одамна не е едноставната мрежа за споделување на слики како кога започна. Затоа и објаснувањето како функционира алгоритамот на мрежата, од пред некоја година, веќе не може да остане како доволно добро објаснување, па Адам Мосери, главниот на мрежата во Meta, објави статија, но и подолго видео каде точно и детално ни објаснува како функционира оваа мрежа.

За почеток тој истакнува дека Instagram нема еден алгоритам, како што обично се верува. Достапни се повеќе алгоритми зависно од кој дел од мрежата се работи, па така има алгоритам за главната листа со новости, за Stories, за Reels и за Explore делот.

Сите овие посебни алгоритми функционираат на една суштинска логика, а тоа е колку одредена објава корисникот има шанса да ја смета за важна и интересна. Тоа се проценува врз основа на неколку „знаци“, како што се поврзаноста со сметката која објавува, колку често се има интеракција со таа сметка, дали се разменуваат пораки, дали се „лајкува“ објавата и слично.

Деталното објаснување можете да го прочитате на овој линк, а видеото од Адам Мосери да го погледнете во продолжение.

Претходна статијаAir New Zealand ќе започне со мерење на тежината на своите интернационални патници
Следна статијаЕвропската Вселенска Агенција утре ќе го пушти првиот „стриминг во живо“ од Марс
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.