twitter_logo

Пред неколку денови можевме да прочитаме неофицијални најави дека Twitter планира да го промени познатото и карактеристично хронолошко прикажување на твитовите. За таа цел се најави дека ќе биде воведен алгоритам тестиран веќе одреден период, а очекувано на ова имаше и доста негативни реакции.

Од Twitter денеска излегоа со официјална информација и ги потврдија претходните информации. Во неделите што следат кај корисниците ќе биде вклучен алгоритамот, но доколку не им се допаѓа тој начин на прикажување на твитовите, тој ќе може да биде исклучен.

Алгоритамот ќе работи на тој начин што прво ќе ги прикажува популарните и твитовите коишто се смета дека корисникот би сакал да ги види врз основа на неговата активност на социјалната мрежа.

Под овие твитови ќе бидат прикажани сите останати во хронолошки ред, односно на корисниците нема ништо да им биде сокривано, туку само истакнато погоре во листата.

Алгоритамот најмногу ќе доаѓа до израз во ситуациите по направена мала пауза од отворање на мрежата. Тогаш ќе има собрано и доволно пропуштени твитови, па изборот да некои од нив бидат прикажани погоре во листата ќе биде и најистакнат, за разлика од периодите кога корисникот ја отвора листата повеќе пати во денот.

Од Twitter исто така истакнуваат дека кај корисниците коишто биле вклучени во тестирање на овој начин на прикажување на твитовите, бил забележан поголем број на ретвитови и твитови, односно биле повеќе активни на мрежата.

Исклучувањето или вклучувањето на алгоритамот може да се направи преку главното мени во делот Timeline каде што ќе може да се избере опцијата Show me the best Tweets first, кога истата ќе биде достапна во наредните недели.

Извор: Twitter

Претходна статијаOpera доби понуда за купување од кинески конзорциум за 1,2 милијарди долари
Следна статијаLG G5 ќе има екран кој ќе може да биде константно пуштен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.