opera_logo_full-color_red_positive_vertical_rgb

Конзорциум од кинески компании, меѓу кои и Kunlun и Qihoo, дале понуда до норвешката компанија Opera за купување на 100% од акциите и со тоа да ја преземат целосната контрола врз раководењето.

Понудената сума за купувањето на акциите изнесува 1,2 милијарди долари, а менаџментот на компанијата коишто поседуваат околу 30% од неа, ја прифатиле понудата и истото го препорачуваат на останатите акционери.

Opera е компанија којшто им е позната на повеќето по нивниот Opera интернет прелистувач. Иако со голем број на фанови и коринсици, сепак не успева да конкурира доволно на останатите меѓу кои главното место го има Google Chrome.

Она што сепак ги интересира кинезите во оваа зделка е бизнисот за реклами на мобилните телефони во коишто имаат влезено Opera. Овој бизнис покажува добар раст во изминатите години, па за кинеските компании тоа може да се покаже како добар начин за ширење на западниот пазар.

Не интересира дали доколку сите акционери ја прифатат понудата и истата се реализира, ќе продолжи развојот на прелистувачот или можеби ќе биде продаден на друга компанија.

Извор: VB, NewsWeb

Претходна статијаMSI GT72S G Tobii е нов гејмерски лаптоп со технологија за следење на движењето на очите
Следна статијаTwitter воведува алгоритам, ќе може да биде исклучен
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.