twitter_logo

Една од главните карактеристики на Twitter, што сигурно и многу од корисниците ги задржа на оваа мрежа наместо да го користат Facebook, е хронолошкото прикажување на твитовите. Тоа значи дека секогаш кога ќе ја отворите листата со новости, ќе ви бидат прикажани најновите твитови од корисниците што ги следите, во моментот, па наназад. Што и колку старо ќе видите, зависи од вашата желба да скролате надоле по листата.

На крајот од минатата недела и викендот излегоа информации од BuzzFeed порталот дека Twitter работи на промена на ова правило и тестира алгоритам којшто ќе одлучува што ќе биде прикажано прво и слично. Најавите беа дури дека промените ќе бидат воведени од оваа недела, меѓутоа сепак изгледа се’ уште се тестира алгоритамот, како и мислењето на твитерџиите (кое што очекувано веднаш беше негативно).

Ова е начинот на којшто функционира Facebook, а ниту корисниците, а посебно сопствениците на страни на беа задоволни од промените кога беа воведени. Корисниците можеби и се навикнаа на алгоритамот, меѓутоа тој направи да сопствениците на страни мораат почесто да плаќаат за нивните објави стигнат до што поголем број на корисници.

ImageJoiner-2016-02-06_at_1.41.57_PM.0
Фото: The Verge

Од The Verge исто така ја потврдуваат ова информација и пренесуваат информација од корисник којшто имал шанса да ја тестира работата на алгоритамот.

Според овие информации, алгоритамот ќе ги прикаже според одредени параметри поважните твитови на врвот од листата, со што таа ќе стане на еден начин измешана. Меѓутоа, кога корисникот ќе ги разгледа еднаш овие твитови, враќањето на почетокот од листата ќе му бидат прикажани хронолошки најновите твитови. Тоа значи дека алгоритамот нема да се користи до тој степен како во случајот на Facebook.

Исто така, корисниците коишто нема да сакаат да им бидат прикажувани твитови одредени од алгоритамот, ќе можат да изберат да ги гледаат секогаш најновите твотови, како и досега.

Според еден од поранешните вработени во Twitter, користењето на алгоритам за прикажување на твитовите не е лошо како што повеќето мислат. Кога се следат твитовите хронолошки, колку и да мислат корисниците дека на тој начин ќе можат се да видат, сепак тоа е невозможно. Тоа што алгоритамот би го одредил како важно, сигурно корисниците ќе сакаат да го видат во споредба со нешто што и така не би му обрнале внимание.

Директорот на Twitter не ја потврди оваа информација, меѓутоа нути ја негираше. Тоа значи дека сепак на нешто вакво се работи, но додека официјално не биде претставено, нема да знаеме во каква форма ќе биде.

Извор: BuzzFeed, The Verge, USAToday

Претходна статијаHome копчето на iPhone ќе има 3D Touch?
Следна статијаGoogle Hangouts ќе користи P2P протокол за подобар квалитет на повиците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.