Можноста за испраќање на приватни пораки постои веќе одамна, но за да можете да испратите и да примите порака од некого, морате взаемно да се следите. Сега Twitter воведува можност за испраќање и примање на пораки со корисници кои не ги следите или не ве следат вас. Ова е можност корисна, на пример за Twitter профили кои се користат за техничка поддршка. До сега давачите на техничка поддршка мораа да ги следат сите нивни клиенти, ако сакаа да им пратат приватна порака. Со најновата можност таа потреба веќе нема да постои, а и реално нема никаква потреба да бидете следени од компанијата од која што добивате техничка поддршка за било што. Значи оваа можност е направена со цел сопствениците на брендови и бизниси да може да добиваат пораки од своите следбеници, без притоа да мора и тие сите нив да ги следат. Ова е посебно корисно за брендовите што имаат милионски следбеници.