Во Windows 8 можете да пристапите до вашите фајлови во SkyDrive преку официјалната апликација или се разбира преку веб. Доколку сакате да пристапите до вашите фајлови преку File Explorer – от и да ги синхронизирате сите промени мора да ја инсталирате SkyDrive апликацијата за десктоп. Ова исто така значи дека папката SkyDrive на вашиот хард диск ќе зафати онолку простор колку што зафаќа и во облакот (cloud).
Во Windows 8.1 SkyDrive ќе биде целосно интегриран со оперативниот систем, па веќе нема да биде потребна десктоп апликацијата. Фајловите како и до сега ќе може да ги видите преку File Explorer и “модерната“ апликација. Исто така сега ќе имате можност да изберете дали сакате фајловите од облакот да бидат достапни локално и можноста да ги разгледувате сите локални фајлови на вашиот компјутер. Со изборот сите фајлови од облакот да бидат достапни локално, доаѓате до истата ситуација да просторот што папката го зафаќа локално е ист како и во облакот, доколку имате повеќе податоци, а не многу голем локален простор тоа може да претставува проблем.
За решавање на овој потенцијален проблем Microsoft во SkyDrive за Windows 8.1 ќе вклучи и функција наречена Smart Files. Оваа функција доаѓа до израз кога имате избрано сите фајллови од облакот да бидат достапни и локално. Она што го прави функцијата Smart Files е поставување на фајл кој ги содржи основните информации за фајлот од облакот, како и мала сликичка, но не и целиот фајл. Целиот фајл ќе биде симнат само тогаш кога ќе кликнете за да го отворите. Исто така имате можност да изберете кои фајлови да бидат достапни offline во случај да знаете дека ќе одите на место каде што ќе немате пристап до интернет конекција. Тоа значи дека локалниот простор што ќе го зафаќа вашата SkyDrive папка веќе нема да биде ист со тој во облакот, односно корисници со SkyDrive папка во облакот од 100 GB, локално може да зафаќа простор, на пример од само 5 GB.
Ова е функција корисна најмногу за корисниците на таблет компјутерите, поради фактот што лаптоп и десктоп корисниците ретко имаат проблем со недостаток на простор.