HTC го претстави својот нов телефон од серијата One наречен max (HTC One max). Истиот доаѓа со дизајн карактеристичен за оваа серија кој го вклучува тенкиот дизајн направен од алуминиум во сребрена боја. Како што може да се претпостави и од името на овој уред, тој спаѓа во категоријата на телефон-таблет (phablet), како што се нарекуваат, со својот голем екран од 5,9 инчи. Екранот е со Full HD 1080p резолуција и одлични 349 ppi (пиксели на инч).
Она што е интересно кај овој модел е скенерот за отисоци од прсти, нешто што очигледно полека станува популарно по објавувањето на најновиот iPhone 5s. За разлика од позицијата на скенерот на iPhone, истиот на max се наоѓа на задната страна од уредот под камерата. Ова можеби изгледа како незгодно место за поставување на скенерот, меѓутоа кога ќе се земе во предвид малиот простор на предната страна и недостатокот на физичко копче, не остануваат многу други позиции. Скенерот препознава до 3 различни прсти, па може да биде програмиран секој различен прст да отвора различна апликација. Апликациите се отвораат без притоа да мора да го користите заклучениот екран или целосно да го отклучите телефонот. Со користење на скенерот исто така можете да го отклучувате и заклучувате екранот.
HTC ONE MAX Карактеристики
Димензии | 164.5 x 82.5 x 10.29 mm |
Тежина | 217g |
Процесор | Qualcomm® Snapdragon™ 600 процесор 1.7GHz quad-core |
SIM картичка | micro SIM |
Мрежно поврзување | 2G/ 2.5G - GSM/GPRS/EDGE: 850/900/1800/1900 MHz 3G - UMTS/ HSPA: EMEA: 900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 42 Mbps Asia: 850/900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 42 Mbps Sprint: 1900/2100 MHz with HSPA+ up to 14.4 Mbps Verizon: 850/900/1900/2100 MHz with HSPA+ up to 14.4 Mbps 3G - CDMA 800/1900 MHz for Sprint and Verizon 4G - LTE: EMEA: 800/900/1800/2600 MHz Asia: 900/1800/2100/2600 Mhz Sprint: FDD 800/1900 MHz, TDD 2600 MHz Verizon: 700/AWS MHz |
Меморија | 16GB / 32GB простор 2GB RAM меморија До 64GB micoSD слот |
GPS | Внатрешна GPS антена + GLONASS Дигитален компас |
Сензори | Жироскоп Акселерометар Сензор за близина Сензор за светлина Сензор за отисоци од прсти |
Поврзување | 3.5 mm стерео аудио NFC Bluetooth® 4.0 со aptX™ Wi-Fi®: IEEE 802.11 a/ac/b/g/n DLNA® HTC Connect™ Support consumer infrared remote control Поддршка за домашни делечински управуваши со инфрацрвен сензор micro-USB 2.0 (5-pin) порт со мобилен видео линк со висока резолуција за USB или HDM |
Камера | HTC UltraPixel камера BSI сензор, големина на пиксел 2.0 µm, големина на сензор 1/3' Дедициран HTC ImageChip™ 2 f/2.0 отвор and 28 mm леќи Smart Flash: 5 нивоа на флеш автоматски наместени во зависност од оддалеченоста на објектот 1080p Full HD видео снемање со HDR видео Предна камера: 2.1 MP, 88° леќи со широк агол со HDR можност Предна камера: 1080p Full HD видео снемање |
Батерија | 3300 mAh Li-polymer Време за разговори: До 25 часа за WCDMA До 28 часа за CDMA Време во мирување: До 585 часа за WCDMA До 393 часа за CDMA |