После првичното пуштање, тргање, па неколку одложувања, новата Twitter Blue претплата конечно треба да биде официјално пуштена денес. По последното одложување до решавање на проблемите кои се појавија со имитација на профили, сега се верува дека не би требало да има повторни одложувања или тргање на претплатата.

Проблемот со имитација на профили е решен со потребата од верификување на телефонскиот број од корисникот за да може да добие син беџ, а како што беше истакнато порано, тие што ќе го менуваат своето име и слика, ќе им биде тргнат беџот.

Покрај синиот беџ, кој е главната новина од преземањето на мрежата од страна на Елон Маск, другите новини се нешто што беше дел од Twitter Blue и порано или беше најавувано.

Корисниците ќе добиваат пристап до некои новини на мрежата порано од останатите корисници, а во блиска иднина треба да добијат и поголем приоритет при одговорите и пребарувањата.

Twitter Blue корисниците исто така ќе гледаат 50% од рекламите на мрежата, а ќе можат да објавуваат и подолги видеа.

Ајде да видиме што ќе испадне овој пат со Twitter Blue во деновите што следат.

Претходна статијаArtemis I мисијата на NASA успешно заврши со слетување на Orion леталото во Пацификот
Следна статијаГодишна конференција за децентрализација и локално управување – време за можности и ревизија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.