Фото: Shutterstock.com

Официјалното пуштање на новата Twitter Blue претплата, која вклучува повисока цена од 8 долари и добивање на син беџ кој порано значеше дека профилот е верификуван, не помина баш најдобро. Исто како што беше случајот при првата промена, корисниците веднаш почнаа да ги менуваат своите имиња и да прават забуна поради достапноста на синиот беџ до нивното име.

Од компанијата ги променија правилата со цел да се обидат до некаде да се справат со ваквите појави во иднина, односно од можноста за креирање на нови сметки со цел да се манипулира со корисниците на мрежата.

Сите ново креирани сметки на Twitter нема да можат да се претплатат на Twitter Blue во првите 90 дена од креирањето.

Исто така, Елон Маск објави дека по повторното пуштање на Twitter Blue секој кој ќе го промени своето име ќе го изгуби синиот беџ, привремено додека името не им биде потврдено дека ги следи правилата на мрежата.

Маск непотребно направи голема забуна со менувањето на значењето на синиот беџ. Досега оваа ознака до нечие име значеше дека од компанијата го имаат потврдено идентитетот на корисникот и се работи за официјален профил на некое јавно лице, компанијата и слично.

Една од причинате поради кои се верува дека Маск го форсира овој начин на функционирање на Twitter Blue е можниот банкрот на компанијата, па тој сака повеќе од половина од приходите да доаѓаат од претплатата.

Според најавите, новата Twitter Blue претплата треба повторно да биде достапна за корисниците од 29 ноември, па ќе видиме што ќе се случува тогаш.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаYouTube има нова анимација и звук кога се вклучува апликацијата на телевизорите
Следна статијаA1 Game Fest и оваа година со рекорден број натпреварувачи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.