Фото: Shutterstock.com

Новата Twitter Blue претплата беше пуштена, па за кратко време тргната поради појавата на проблеми со во главно имитација на профилите. Повторното пуштање требаше да се случи на 29-ти овој месец, но Елон Маск објави дека тоа се одложува.

Одложувањето ќе биде додека не бидат сигурни дека имаат начин како да ги спречат имитациите на профилите, а еден начин кој Маск го наведе е можноста да се користи различна боја кај беџот за организациите и индивидуалните профили.

Уште еден начин кој беше претходно објавен за справувањето со потенцијалните проблеми е неможноста за претплата од страна на новите сметки во рок од 90 денови.

Маск непотребно направи проблем менувајќи ја намената на синиот беџ и овозможувајќи им на сите кои ќе ја плаќаат месечната Twitter Blue претплата да го добијат. Досега овој беџ се користеше да се означат профилите кои се проверени и потврдени од страна на Twitter дека се на некоја јавна личност, институција, актер и слично.

Можноста да секој кој ќе плаќа 8 долари месечно го има овој беџ направи забуна кај луѓето кои се’ уште навикнати што претставува тој, не бидат сигурни дали профилот што го гледаат е верификуван.

Една од причината за ваквата одлука од страна на Маск е желбата повеќе корисници да плаќаат за користењето на Twitter, а со тоа доста голем дел од приходите на компанијата да бидат од овие претплати, поточно над 50%.

Ќе видиме како ќе биде решен овој проблем, а сигурни сме дека Маск навремено ќе „твитне“ некоја информација.

Претходна статијаШулц од Социо-еколошкиот форум во Скопје: „ЕУ мора да сфати дека и земјите од Западниот Балкан се дел од Европа и тие мора да бидат вклучени во нејзините стратегии“
Следна статијаКорисници пријавуваат дека им се прикажуваат туѓи слики преку iCloud за Windows
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.