Фото: Shutterstock.com

Twitter официјално ја пушти новата или подобро да ја наречеме Twitter Blue претплатата на Елон Маск. Покрај повисоката цена за 3 долари од претходната, Twitter Blue донесува и неколку новини.

Главната новина е добивањето на ознака, синиот беџ, која досега се користеше за означување на потврдените, односно верификуваните профили на тие кои може да бидат имитирани, како на пример јавни личности, владини профили, компании и слично.

Со оваа одлука директно од Маск, сега веќе не е јасно како ќе се прави разлика од профилите кои се верификувани и тие кои не се, посебно што тој ја откажа одлуката за воведување на нова ознака која ќе ја има старата улога на синиот беџ.

Корисниците на Twitter Blue исто така веќе нема да можат да ја користат мрежата без реклами, но ќе им бидат прикажувани дупло помалку од другите корисници. Тие исто така треба да добијат можност за објава на подолги видеа, а за во иднина се најавуваат и подобри алатки за заработка од страна на креаторите.

Иако од Маск се очекуваат доста големи и важни работи, во главно поврзани со тргање на непотребното модерирање на секоја објава, односно тргање на објави поради став и мислење, сепак факт е дека на почеток направи мал хаос и отвори прашања за што може да се очекува во иднина.

Маск сам си најави дека од Twitter може да се очекуваат „глупости“ во месеците што следат, а во главно поради тоа што ќе се експериментира со нови функции.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаИстиот ден кога беше воведена, Елон Маск ја откажа новата „Official“ ознака
Следна статијаКако Xiaomi воведе нова ера на фотографирање со паметни телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.