Screenshot 2014-02-19 14.27.29

Промената на името на SkyDrive во OneDrive беше најавена пред еден месец, а истата е направена поради веќе искористеното име од страна на британската компанија BSkyB. Тогаш сепак не беше точно нагласено кога ќе биде направена промената, па се очекуваше истата да биде имплементирана во Април со претставувањето на Update 1 за Windows 8.1, како и новата Windows Phone 8.1 верзија. Исто така беа најавени нови функции чие што претставување беше оставено за официјалното ребрендирање.

Сепак промената на името и воведувањето на новите функции дојде нешто порано од очекуваното, па почнувајќи од денес, OneDrive е достапен за сите платформи. Постоечките корисници се што треба е да ги ажурираат инсталираните апликации, а фајловите и сите прилагодувања остануваат исти и непроменети. Сите останати кои што сакаат за првпат да го пробаат cloud решението од Microsoft можат да се регистрираат за бесплатна сметка на www.onedrive.com.

Бесплатната сметка на OneDrive нуди 7 GB на простор за складирање на податоци, исто како што нудеше и до сега SkyDrive. Корисниците на Office 365 добиваат од 20 до 100 GB дополнителен простор зависно од претплатата за Office 365 што ја користат. Корисниците на бесплатната сметка можат да добијат 3 GB дополнителен бесплатен простор со вклучување на новата функција за автоматско зачувување на сликите на Android оперативниот систем. Исто така со препорачување на сервисот корисниците може да добијат по 500 MB дополнителен простор, а најмногу 5 GB.

Покрај промената на името OneDrive ги донесува и следните промени:

На Windows Phone 8

  • Нов преглед на малите слики (thumbnails)
  • Подобрено прегледување на споделените фајлови
  • Споделување на повеќе фајлови одеднаш
  • Закачување на папки на Start екранот
  • Отворање на фајловите во други апликации
  • Закрпи на багови и подобрување на перформансите

На останатите платформи

  • Автоматско качување на податоците од камерата на Android уредите
  • Заедничко работење и промена на документите во вистинско време
  • Полесно гледање и споделување на видеа
  • Нови начини за добивање и купување на дополнителен простор
  • Дополнителни 3 GB на Android за користење на функцијата за автоматско качување на сликите

OneDrive е интегриран во Windows 8.1 и нуди можност за зачувување на сите нови документи директно во облакот, со што до истите може да се пристапи и работи од било кој друг уред без да заборавите да ги ставите во OneDrive папката. Ова исто така беше достапно во SkyDrive.

OneDrive е достапен за повеќето од најкористените платформи, односно на Windows Phone и Windows 8 (вграден со оперативниот систем), Windows 7, Mac OS X, iOS и Android.

http://www.youtube.com/watch?v=bw1ciTl5YK4

Претходна статијаNike патики што сами се врзуваат достапни во 2015
Следна статијаBitTorrent Sync, ваш личен Dropbox
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.