power-laces

Сигурно повеќето од вас го имате гледано познатиот филм од 80-тите „Враќање во иднината“ во кој што Michael J. Fox во улогата на Marty McFly патува низ времето во модифициран автомобил направен од неговиот пријател, научникот Emmett Brown. Конкретно во вториот дел од овој филм од 1989, Marty патува во 2015 година каде што покрај другите интересни работи прикажани како замисла за иднината, тој облекува Nike патики кои што откако ќе ги облече тие самите се врзуваат.

Според дизајнерот на патики во Nike, Tinker Hatfield, вакви патики ќе бидат достапни идната година, односно 2015, истата година во која што Marty патува во филмот. Nike веќе има поднесено патент за патики што сами се врзуваат во 2010 година, а има претставено слични патики без можноста за само врзување кои што се продаваа во ограничена количина, а парите собрани беа наменети за фондацијата на Michael J. Fox за истражувања од областа на паркинсоновата болест од која што боледува актерот.

nike-self-lacing-700 600

Кога точно ќе ги видиме овие патики на пазарот, како и по која цена ќе се продаваат не е сеуште познато, па останува да чекаме до наредната година.

Дали го имате гледано овој филм и дали сте сакале да имате вакви патики и вие ?

Претходна статијаApple патентира слушалки со сензори за вашите витални знаци
Следна статијаOneDrive официјално пуштен денес, го замени SkyDrive
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.