Meta започнува со тестирање на нови начини на кои корисниците ќе можат да ја потврдат својата возраст на Instagram. На корисниците во САД ќе им станат достапни два нови начини, покрај досегашниот со кој се скенира лична карта.

Целта на докажувањето на возраста на оваа друштвена мрежа е да се овозможи соодветно корисничко искуство, како што истакнуваат од Meta, а треба да се земат во предвид и критиките кои ги добива мрежата за „безбедноста“ на помладите корисници.

Потребата од потврда на возраста се вклучува кога некој корисник ќе сака да ја промени својата, од помалку од 18, во повеќе од 18.

Едната од двете нови можности вклучува избор на три заеднички пријатели кои треба да гарантираат за возраста на корисникот, а овие пријатели мора да се над 18 години, да не учествуваат во гаранција на возраст на друг корисник во тој момент, како и некои дополнителни безбедносни мерки кои се поставени од мрежата.

Втората можност е проценка на возраста на корисникот со помош на машинско учење преку прикачување на видео селфи. Корисниците би имале објаснување како треба да се постават пред камерата, а слика од ова селфи ќе биде испратена до компанијата Yoti со чија соработка е воведена оваа можност.

Yoti е компанија која работи баш во оваа област, односно проценка на возраста на луѓето, а наводно тоа го прави со земање во предвид на приватноста на корисниците.

По проценка на возраста, сликата се брише од серверите на двете компании, а исто така се истакнува дека од сликите не може да се процени идентитетот на корисникот, односно технологијата ги проверува само цртите на лицето.

Корисниците мора да имаат најмалку 13 години за да можат да креираат Instagram сметка, а од компанијата минатата година воведоа и нови механизми за заштита на овие малолетни корисници.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаHUAWEI го претстави MatePad Paper: Првиот таблет со E Ink пенкало за пишување и правење белешки
Следна статијаТелеком ја воведува стриминг платформата GLEY на MaxTV
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.