Како што е обично случајот, Facebook тестира одредени нови функции на многу мал број од корисниците, па од време на време тој тест ќе излезе во јавноста.

Најновата функција која ја тестираат од компанијата не е баш таква која на корисниците ќе им донесе новина во користењето на мрежата. Се работи за безбедносна функција која може да побара да прикачиме чиста слика од себе за да докажеме дека не сме бот.

Оваа функција е потврдена од страна на Facebook за порталот Wired, а објаснувањето е дека таа би се користела во случај на сомнителна активност на сметката на корисникот. Поточно оваа нова мерка би можела да се користи при креирање на нова сметка, праќање на покана за пријателство, креирање на сметка за реклами и слично.

Од Facebook тврдат дека по верификацијата на корисникот сликата веднаш се брише од серверите, но токму ова може да биде проблемот. Во денешно време приватноста на интернет станува се поголем проблем, а корисниците се почесто оставаат секакви слики и информации на разни мрежи.

До информацијата за новата функција на Facebook се има дојдено преку објава на Twitter од корисник чиј што пријател бил заклучен од неговата сметка додека не испрати слика од него. Твитот во продолжение.

Извор: Wired

Претходна статијаApple патентираше смартфон со свитлив дисплеј
Следна статијаКако да избегнете прислушување и надгледување од државата на вашите интернет активности?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.