Ако сте барем малку напреден корисник на интернетот и друштвените мрежи, ќе знаете дека истите за вас чуваат „досие“ со податоци кои датираат уште од времето кога сте се приклучиле на мрежата. Некои од податоците ги давате доброволно, но уште поголем дел од нив „испливуваат“ со текот на времето.

Платформите речиси никогаш не ги користат овие податоци злонамерно. Информациите се користат најчесто во комерцијални цели за рекламирање. Меѓутоа потенцијално би можеле да бидат искористени на штета на корисникот.

Што се однесува до Facebook, како најголема и најпопуларна друштвена мрежа, јасно е дека тие никогаш ништо не бришат. Во животот можете да промените буквално се, почнувајќи од името, пријателите, па дури и полот. Но, Facebook нема ништо од тоа да заборави. Од првиот момент на креирање на вашиот профил, секое ваше дејство е будно следено и забележено.

Некои од податоците се многу подетални од што може да се очекува. Па така, сетете се на некоја фотографија од пред 7-8 години која ја имате поставено на вашиот „Ѕид“. Facebook ги памети спецификациите и поставките на камерата со која истата е направена, како и IP адресата од која е поставена, заедно со вашата физичка локација во дадениот момент.

Со ваквиот сет информации во врска со вас и вашиот приватен живот, Facebook без потешкотија може да добие кристално јасна слика за вас. Каде живеете, каде работите, во кој период од денот спиете или одмарате, со кого комуницирате, колку време патувате до работа и ред други приватни пикантерии.

Сите овие чувствителни информации се во сопственост на Facebook и тоа по лично наша волја и со лично наша дозвола. Од таму гарантираат дека сето тоа е за наше поквалитетно корисничко искуство и никогаш нема да биде злоупотребено. А каде пак би биле ние кога не би имале доверба во сопствената најпопуларна социјална мрежа на светот?

Доколку сте заинтересирани што сѐ знае за вас „Големото око“, можете да го преземете сопственото досие во делот со поставки.

ИЗВОР 29to5 Mac
Претходна статијаМарио Савовски: Откриена вистината за човекот што лебдеше над МРТВ
Следна статијаПочина познатиот и единствен Стивен Хокинг на 76 годишна возраст