Познатиот физичар за кого и не треба претставување, Стивен Хокинг, почина во раните часови на денешниот ден (среда) во својот дом во Кембриџ. Како што истакнуваат од неговото семејство, тој починал мирно, а повеќе информации не се истакнати во овој момент.

Покрај неговата уникатна способност и големиот придонес во физиката и астрономијата, Хокинг беше познат по тоа што сето ова го има постигнато и покрај неговата болест која го има оставено неподвижен и во комуникација само преку компјутерски генериран глас.

Болеста АЛС (Аморфна латерална склероза) му е откриена на возраст од 21 година, по што му биле предвидени неколку години живот. Човекот сепак успева да доживее 76 години и да ги оствари некои од најголемите придонесе во општеството и науката.

Слободно може да кажеме дека луѓе како Стивен Хокинг се раѓаат еднаш на 100 години, па човештвото изгуби голем ум за кого прашање е дали и кога ќе може да се најде замена. Придонесите во науката уште долго време ќе бидат ненадминати од научниците, а ќе се користат како основа за нови откритија.

Хокинг може да се каже дека најмногу беше познат во јавноста изминатите години по неговите истражувања поврзани со црните дупки, како и настанокот на универзумот. Теориите кои тој ги има поставено се надоградба на тие на Ајнштајн.

ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаШто сѐ Facebook знае за нас ?
Следна статијаНез цела република ќе се садат дрва за часот на планетата Земја
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.