Shutterstock.com

Facebook започнува со тест чија крајна цел е да се намали политичката содржина на мрежата. Од компанијата истакнуваат дека ова е резултат на реакциите од корисниците, кои не сакаат политичката содржина да ја презема нивната листа со новости на мрежата.

За почеток Facebook ќе започне со тестирање на оваа промена кое ќе трае неколку месеци. Врз основа на искуството од тестирањето, ќе се одлучи како ќе се продолжи понатаму за сите корисниците.

Тестот ќе биде само на мал процент од корисниците во Канада, Бразил и Индонезија, како и САД каде тестот треба да започне идната недела.

Од Facebook најавуваат повеќе видови на начини на рангирање на политичката содржина врз основа на повеќе фактори. Врз основа на ова тие ќе одлучат како да продолжат, односно како да се „однесуваат“ кон ваквата содржина.

Содржината од официјалните владини профили, здравствените профили, како и тие поврзани со COVID-19 нема да бидат вклучени во тестирањето, односно во промената на прикажувањето на политичка содржина.

ИЗВОРFacebook
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаUnited Group повторно има најбрза мобилна мрежа во Европа
Следна статијаTravelers Cycling ви помага да ги најдете сите велосипедски патеки во градот, како и додатни корисни информации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.