Најголемиот досега прекин на Facebook се случи оваа недела. Корисниците на сите сервиси од компанијата, односно Facebook, Messenger, Instagram, Workplace и WhatsApp имаа проблем со функционирањето, а кај некои и целосно со пристап до мрежите.

Од Facebook иако го потврдија прекинот, односно проблемите со нивните сервиси, не излегоа со информација што е тоа што го има предизвикано истиот. Се разбира, веднаш се појавија различни шпекулации, кои одеа до таму дека се работи за надворешен напад на мрежата.

Сепак, причината за прекинот е многу помала, а се работи за промена на конфигурација на серверите што има доведено до верижен проблем.

Информацијата од компанијата ја пренесуваат преку Twitter, а истата гласи:


Повеќето проблеми веќе треба да се средени, односно не би требало веќе да имате било каков проблем со било кој од сервисите од компанијата.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Gizmodo
Претходна статијаHuawei има развиено свој оперативен систем во случај да не може да го користи Android
Следна статијаSamsung работи на екран без дупка за камерата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.