Доколку во текот на вчерашниот ден имавте проблем со пристап или со целосно функционирање на Facebook, Messenger, WhatsApp, Instagram, па дури и Facebook Workplace, не сте единствени, а проблемот не треба да го барате во вашиот уред или интернет конекција.

Проблеми со мрежите од Facebook се официјално потврдени, иако не е истакнато што точно ги има предизвикано истите. Она што се истакнува е дека не се работи за хакерски напад, па сигурно ќе бидеме подетално информирани во деновите што следат.

Проблемите не предизвикаа целосно губење на пристапот до сервисите, барем не кај сите корисници, туку проблем со одредени функции кај истите. Во мојот случај, не функционираше лентата за пребарување.

Иако сервисите постепено се враќаат и се скоро средени, сепак можно е да наидете на проблеми и во текот на денешниот ден.

Од Facebook изјавија дека се свесни дека некои корисници имаат проблем со пристап до апликациите од Facebook и дека работат да го решат проблемот колку што е можно побрзо.