Shutterstock.com

Huawei има развиено сопствен оперативен систем, односно системи, кои би ги користеле во „најлош случај“ доколку односите помеѓу САД и Кина продолжат да се влошуваат и дојде до забрана за американските компании да ги „извезуваат“ своите системи на кинески компании.

Оваа информација, која досега беше шпекулација, ја потврдија од Huawei, поточно директорот Ричарј Ју ви интервју за германскиот Die Welt.

„Имаме спремно наш оперативен систем, ако испадне дека веќе не може да ги користиме овие оперативни системи, ќе бидеме спремни и имаме план Б.“ – истакнува Ју.

Шансите да дојде до вакво нешто реално се зголемени изминатата година. САД имаат поднесено обвиненија до Huawei, оваа компанија до САД, а тука е и најновиот случај каде САД им се „закани“ на германската држава дека нема да им бидат доставувани разузнавачки информации доколку ги користат Huawei за нивната 5G мрежа.

Информациите дека Huawei има започнато со развој на сопствен оперативен систем почнуваат во 2012 кога САД започна со истраги кон кинеските компании, а познати се случаевите и подоцна кога САД забрани извоз и соработка со одредени компании од Кина.

На основа на што е направен оперативниот систем не е познато, а јас лично верувам дека иако алтернатива на Android можеби би можела да биде направена, сепак замена за Windows за навикнатите корисници, тешко дека би можело да се развие.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаTesla го претстави Model Y – помал SUV модел направен на основа на Model 3
Следна статијаFacebook ја објави причината за досега најголемиот прекин на нивните сервиси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.