Meta започна со воведување на промени во начинот на прикажување на објавите на Facebook кои беа неофицијално најавени минатиот месец, а во главно како обид да подобро се конкурира на TikTok.

Овие промени вклучуваат воведување на нов дел кај мобилните апликации наречен „Feeds“ кој ќе биде достапен преку лентата од апликацијата, долу на iOS и горе на Android.

Во Feeds делот корисниците ќе можат да ги гледаат само објавите од нивните пријатели, групите во кои членуваат, страните кои ги следат, како и сметките кои ги имаат означено како омилени. Сето ова ќе биде прикажано во хронолошки редослед, односно нема да функционира алгоритамот кој одлучува што да биде прикажано.

На сметка на Feeds, стандардниот дел кој е достапен при вклучувањето на апликација, а логично наречен „Home“ ќе биде местото каде повеќе ќе бидат прикажувани препорачаните објави, кои често ќе бидат и од сметки кои корисникот не ги следи.

Ова е делот кој треба да почне повеќе да наликува на TikTok. Корисниците во Home делот ќе продолжат да гледаат објави и од нивните пријатели, но нема веќе да бидат „важни“ како досега на сметка на можноста за откривање на нови објави.

Во овој дел голем простор ќе имаат Stories и Reels објавите, нешто што станува се повеќе популарно како формат на објава и повторно нешто што го направи TikTok толку популарен.

Од Meta слични промени воведоа и кај нивната друга друштвена мрежа, Instagram, каде корисниците сега имаат можност да изберат да ги гледаат објавите само од сметките кои ги следат, кои ќе бидат хронолошки прикажани, а главниот дел ќе има се повеќе препорачани објави, Stories и Reels.

Промените кај Facebook ќе бидат достапни на Android и iOS апликациите, а корисниците треба да ги добијат постепено во неделите што следат.

На овој линк можете да ја видите најавата на промените од страна на Марк Закерберг. https://www.facebook.com/4/videos/1714157738934549/

ИЗВОРMeta
Претходна статијаГравитациски батерии како решение на проблемот на складирање на зелената енергија
Следна статијаSteam интеграцијата во Tesla автомобилите може да го добие своето прво демо идниот месец
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.