Фото: Meta

Пред околу една недела Instagram ја пушти, за многу корисници долгоочекуваната старо нова можност за разгледување на листата со нови објави според времето на објавување, односно хронолошки. Сега оваа новина е достапна за сите корисници, па можете да почнете да ја користите.

Хронолошката листа со нови објави доаѓа во форма на две нови листи, односно нема да може цело време да е вклучена, па при вклучувањето на апликацијата секогаш ќе се гледа листата направена врз основа на алгоритамот на Meta, како и предлозите од профили кои не ги следите.

Двете нови листи се наречени „Following“ и „Favorites“, а до нив се пристапува со притискање на Instagram логото во горниот лев агол од апликацијата.

Самите имиња едноставно покажуваат што може да се гледа преку нив, односно првата листа ги прикажува по ред најновите објави од сите профили кои ги следите, додека листата на омилени профили ги прикажува по ред само новите објави од профилите кои ги имате избрано како омилени.

Во листата на омилени профили може да се изберат најмногу 50 профили, а тие може слободно да се менуваат по желба на корисникот. Корисниците кои се додадени во листата на омилени не се известени, однос не може да го знаат тоа, а исто така оваа листа е приватна за корисникот.

Од Instagram најавуваат дека во иднина планираат да го зголемат процентот на предлози во листата со нови објави, сега кога корисниците имаат можност да се префрлат на хронолошка листа.

ИЗВОРMeta
Претходна статијаПремиера на македонскиот документарен филм „Како ја дефинираш ароганцијата?“
Следна статијаХакери кои лажно се претставиле како претставници на властите успеале да земат податоци за корисниците од Apple, Meta и Discord
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.