Shutterstock.com

Во време кога користењето на енергија од обновливи извори веќе не е нешто што чекаме да стане реалност, туку се чека на се помасовно користење, еден од проблемите кои треба да се надминат е што да се прави со неискористената енергија која е произведена.

Секако, тука се батериите, но неколку компании работат на „батерии“ кои функционираат на нешто поразличен начин со што се решава проблемот кој го имаат денешните литиумски батерии.

Овие батерии се наречени гравитациски батерии и како што кажува самото име, тие функционираат на основа на логиката дека „се што оди нагоре, мора да се врати долу“. Овие батерии во основа се доста едноставни. Кога се генерира енергија од било кој извор, голема тежина се качува во висина, па кога е потребно да се искористи енергија од самата „батерија“, тежината се пушта надолу и со тоа генерира нова енергија која може да се користи.

Една компанија која работи на вакви батерии е британската компанија Gravitricity. Нивната замисла е изградба на кули, а нивниот прототип е направен со кула висока 15 метри. Во неа е поставено железо со тежина од 50 тони кое малку по малку се подига нагоре со помош на мотори.

Кога не се генерира енергија од ветерници, сонцето и слично, тешкото железо се пушта да „падне“ и во тој процес мали генератори креираат енергија.

Доста едноставен концепт кој овозможува пониска цена во споредба со класичните батерии, а исто така може да функционира подолго време поради полесната замена на делови.

Кулите кои се градат за функционирањето на една ваква батерија не мора секогаш да бидат над земјата. Од Gravitricity планираат да искористат стари рудници за јаглен кои често се доста длабоки.

Уште една компанија која работи на развојот на вакви батерии е Energy Vault и тие имаат нешто поразличен дизајн од изградбата на кули за подигање на тешко железо. Нивниот концепт вклучува подигање на повеќе помали тешки делови, слични на кранови, со што просторот кој е потребен и висината се поразлични, но концептот на функционирање е ист.

ИЗВОРBBC
Претходна статијаЈосифовски за Bloomberg Adria: Обновливите извори на енергија се стратешки приоритет на „Макпетрол“
Следна статијаFacebook го олеснува пристапот до објавите на пријателите, групите и страните кои ги следи корисникот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.