Фото: Shutterstock.com

Со години алгоритамот на Facebook беше прилагодуван да што повеќе ја прикажува содржината која ја објавуваат пријателите на корисниците, како и содржината која се смета како интересна за корисникот и генерално популарна.

Ситуацијата кај друштвените мрежи сепак е доста променета изминатите години, па Facebook веќе не е толку популарна мрежа, а ова посебно важи за помладите генерации.

Веднаш може да се претпостави кои се мрежите кои имаат поголема популарност кај младите, а тоа се Instagram и секако TikTok, мрежа која се повеќе им прави проблем на тие од Meta.

Поради подобра конкуренција со TikTok и надеж дека ќе може да се врати привлечноста на Facebook кај помладите корисници, од компанијата планираат промени во алгоритамот кои може да се каже дека се спротивни на годините уназад.

Оваа информација уште не е официјална, а ја објавуваат од The Verge кои имаат дојдено до меморандум испратен од главниот директор во Meta задолжен за Facebook, Том Алисон.

Од тоа што може да се заклучи од меморандумот е дека Facebook ќе направи промени кои ќе ја направат оваа мрежа послична со TikTok. Тоа значи дека на главната страна веќе приоритет нема да имаат пријателите, па тоа место ќе го преземе новата содржина од профили кои корисникот не ги следи.

Идејата е да, исто како на TikTok, корисниците дојдат до интересна за нив содржина без потреба од прво да почнат да следат одредени сметки. Зависно од интеракцијата со содржината, на корисниците ќе им бидат прикажувани објави кои се нови за нив, исто како на TikTok.

Оваа промена очекувано исто така значи дека поголемо значење ќе се дава на Stories, а посебно на Reels, формат на објави кој се покажа најпопуларен изминатите години.

Кратко кажано, Facebook треба да почне да наликува на TikTok, нешто што веќе почна да се случува со Instagram.

Дали оваа стратегија на Meta може да направи нешто за задржување на популарноста на Facebook, а посебно за нејзиното зголемување кај младите корисници, ќе видиме.

Со оглед на тоа што оваа информација не е официјална, односно не е промовирана од страна на Meta, не е познато кога може да се очекуваат промените, но веруваме дека дел од нив ќе почнеме да ги гледаме наскоро.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаGoogle во Македонија – Светската компанија за мобилни игри CrazyLabs ги пречека експертите од Google
Следна статијаПрикажан Nothing Phone (1) кој ќе може да се преднарача во ограничена количина пред официјалниот настан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.