Meta почна со тестирање на нов начин на прикажување на објавите на Instagram кој вклучува повисоки слики и видеа или со други зборови објави кои ќе изгледаат скоро како да се на целиот екран.

Оваа промена ја најави главниот на Instagram во компанијата, но не најави дали дефинитивно и кога би била пуштена за сите корисници. Во овој момент промената се тестира, па изгледа нејзиното пуштање за сите ќе зависи од реакцијата на корисниците.

Доколку веднаш не можете да си замислите како изгледа оваа промена, многу лесно можете да го направите тоа со споредба со TikTok. Првичните реакции одат во правец на тоа дека Instagram воведува уште една новина која ја прави апликацијата повеќе слична со TikTok.

Ваквите промени почнаа по воведувањето на Reels и признавањето дека корисниците сакаат да ги гледаат кратките и не ретко креативни видеа од нивниот сега главен конкурент TikTok. Без разлика дали некои ова го нарекуваат копирање, сепак тоа е форматот кој е популарен, па Instagram се одлучи да се бори на тој пазар.

Со прикажувањето на објавите на новиот начин, останатите работи, како копчиња за споделување и слично, ќе останат на своите позиции, што значи дека корисниците нема да треба да се привикнуваат на апликацијата како да е целосно нова.

Од компанијата дополнително најавуваат дека листата со нови објави ќе прикажува уште повеќе предлози од профили кои не ги следите, а ова е можеби и очекувано по пуштањето на можност да се гледа листата по хронолошки редослед.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаПрвата троцифрена верзија од Mozilla Firefox доаѓа со повеќе новини
Следна статијаYouTube Go апликацијата веќе нема да биде достапна од овој август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.