Својот прв и многу оптимистички најавуван телефон, Nothing ќе го претстави на посебен настан кој ќе се одржи на 12 јули. Nothing Phone (1) е најавуван како уникатен уред кој треба да ја промени „монотоната“ понуда на пазарот со години на која во главно доминираат Apple и Samsung, барем така најавува основачот на компанијата Карл Пеи.

Како една од главните карактеристики која се очекуваше, врз основа на ланскиот дизајн на првиот производ од Nothing, безжичните слушалки Ear (1), сега е потврдена и може да се види дека задната страна на Phone (1) ќе биде делумно проѕирна.

Проѕирноста на задниот дел не значи дека ќе се гледаат сите компоненти внатре во уредот, па се гледа дел од камерите, „намотката“ за безжично полнење, како и уште неколку компоненти.

Дизајнот на телефонот кој се најавува како револуционерен многу потсетува на нешто постарите модели од iPhone, а тоа посебно важи за страните од уредот.

Изгледот на телефонот денеска беше официјално објавен од страна на Nothing, заедно со StockX компанијата која официјално ќе почне со продажба на првите 100 уреди пред официјалното претставување на телефон.

Продажбата на 100те уреди ќе се направи во форма на наддавање кое ќе започне на 21 јуни, а ќе трае два дена, односно до 23 јуни. Корисниците ќе можат да се регистрираат и да се наддаваат, па тие што ќе влезат во топ 100 понудени цени, ќе ги добијат првите 100 уреди.

Што се однесува до остатокот на карактеристиките на Phone (1), нема многу информации, па покрај тоа што сега гледаме дека на задната страна има две камери, се очекува и вклучување на некој Snapdragon чип и оперативен систем кој е направен на основа на Android.

За Nothing Phone (1) се најавува дека треба да биде отворена платформа, односно Пеи на најавата за телефонот говореше за тоа како производителите обично ги затвораат корисниците во нивниот еко систем, а тоа нема да биде случајот со Phone (1).

Иако во голем дел ова е во главно само една добро смислена маркетинг кампања, сепак со нетрпение очекуваме да видиме што ќе биде претставено и дали Nothing ќе успее да се позиционира како алтернатива на двете најголеми компании, како и уште неколкуте кинески конкуренти кои имаат одлични производи.

Претходна статијаFacebook го менува алгоритамот поради подобра конкуренција со TikTok
Следна статијаМакедонски Телеком донираше вреден апарат на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.