Фото: Shutterstock.com

Сега станува појасно зошто Елон Маск толку ја форсира повисоката претплата за Twitter Blue и ја прави повеќе привлечна да ја плаќаат поголем процент од корисниците, за разлика од претходно.

Тој за време на поголем состанок во компанијата истакнал дека не може да се исклучи можноста Twitter да банкротира. Компанијата според информациите нема направено профит од 2019 година, а и самиот Маск еднаш истакна дека дневно губи по 4 милиони долари.

Во пораката која Маск ја испрати до вработените, во која ги информира и дека веќе нема да можат да работат од дома, тој истакна дека целта треба да биде половина од приходите на Twitter да доаѓаат од претплати.

Проблемот со приходи во компанијата дополнително се зголемува и поради откажувањето на дел од огласувачите поради притисок од разните „woke“ движења и слични.

Од друга страна, Twitter овој период има доста зголемена популарност, очекувано со оглед на случувањата, па доколку се успее да се среди ситуацијата со огласувачите, работите би требало да може да се стават во контрола.

Минатата недела официјално беше пуштена новата Twitter Blue претплата, но повторно се појавија проблеми со имитирање на профили, по што беше привремено повлечена. Се добива впечаток дека потребата од брзо добивање на приходи остава простор за доста непромислени одлуки.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаФестивал на италијанска храна денес на плоштадот Македонија
Следна статијаОтворена првата „Фабрика за учење“ на Машинскиот Факултет – Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments