Фото: Shutterstock.com

Дефинитивно може да се каже дека од купувањето на Twitter од страна на Елон Маск, оваа мрежа стана многу поинтересна. Заслужен за тоа е лично Маск, од влегувањето во компанијата носејќи лавабо, па се до промените кои веднаш ги воведе и проблемите кои произлегоа од нив.

Досега имаше информации дека околу 1 милион корисници ја напуштиле оваа мрежа, а може да се видат покани за приклучување на конкурентната Mastodon. Иако доста сакаа оваа информација да ја претстават како нешто големо, сепак бројката е многу мал процент од вкупните корисници.

Елон Маск во текот на денешниот ден објави кратка информација дека користењето на Twitter е најголемо досега.

Ова сигурно се однесува на бројката на активни корисници кои ја вклучуваат мрежата и објавуваат нешто, па не може да се поврзе со бројката на нови корисници.

Доколку оваа информација е навистина точна, истата е очекувана. Сепак, купувањето на мрежата од страна на Маск, заедно со сите случувања сигурно го привлекува вниманието на корисниците, кратко кажано.

Очекувањата се дека зголемената популарност ќе остане, а во главно поради промената на политиката на модерирање на содржината. Има секакви објави на друштвените мрежи, но стана актуелно да корисниците се „плашат“ да објават најобична работа, доколку таа во моментот се смета како неточна од групата на луѓе кои сметаат дека ја имаат единствената вистина.

На пример, тешко беше да се објават работи како, ковид вакцините не спречуваат ширење на вирусот, нешто што сега знаеме дека е точно, но до пред некој месец неколку вакви објави можеа да доведат до суспендирање на вашата сметка.   

Претходна статијаSamsung Electronics ја воведува функцијата „Matter“ и влегува во нова ера на интероперабилност
Следна статијаMediaTek го претстави Dimensity 9200 со ARMv9 Gen 2 архитектурата и новиот Immortalis-G715 графички процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.