Фото: Shutterstock.com

Елон Маск во текот на денешниот ден ја испрати првата имејл порака до вработените на Twitter преку која им нагласи дека ќе треба да се подготват за тешки времиња кои следат. Во основа тој ги подготвува половината од вработените кои останаа во компанијата за промените кои ќе следат со цел да ја направат компанијата профитабилна, како и да ги воведат планираните новини.

Покрај ова, Маск ги извести вработените дека веќе нема да можат да работат од дома, односно надвор од канцеларијата и ќе мора да доаѓаат минимум 40 часа неделно на работа. За тоа тој истакнува дека нема замена од работата на претпоставените со нивните вработени, а оваа негова филозофија е спроведена и во Tesla и SpaceX.

Една од целите кои ги има истакнато Маск во неговата порака е половина од приходите на Twitter да бидат од месечни претплати. Со ова станува јасно зошто беше направена целата збрка со Twitter Blue и давањето на син беџ на сите кои ја плаќаат по ново 8 долари месечната претплата.

Целта е да што повеќе корисници се претплатат на Twitter Blue, а беџот изгледа е само тука за да мотивира што повеќе корисници да го направат тоа.

Вработените во Twitter веќе со години имаат политика на работа од „било каде“, а тоа посебно дојде до израз со корона кризата кога повеќето компании во светот ја започнаа оваа практика привремено.

Уште една придобивка која вработените ја имале од корона кризата веќе нема да функционира, а тоа се денови за одмор во текот на месецот.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Boomberg
Претходна статијаSamsung Maintenance Mode е функција која ги штити податоците на корисниците додека телефонот им е на сервис
Следна статијаМакедонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.