Bluesky, уште една децентрализирана мрежа какви што се Mastodon и Threads од Meta, официјално почнува со работа. Поточно, Bluesky е достапна уште од пред една година, но во бета фаза за која беше потребна покана, па може да се каже дека не претставуваше официјална конкуренција на другите.

Од оваа недела од мрежата ги тргаат поканите, па секој може да си направи сметка и да почне да ја користи мрежата.

Bluesky е децентрализирана мрежа, а вакви почнаа да се појавуваат по купувањето на Twitter од страна на Елон Маск. Тоа значи дека покрај главниот сервер кој го одржуваат од компанијата, корисниците можат да креираат сопствен со нивни правила и модерирање на содржината.

Во случајот на Bluesky, протоколот кој го користат е нивни, односно не го користат познатиот ActivityPub кој го користат Mastodon и Threads, а тој е наречен AT Protocol.

Засега мрежата не е отворена за креирање на посебни сервери, но тоа се планира наскоро. Корисниците ќе можат да функционираат според нивни правила, па да не зависат од главната компанија.

Не сум сигурен колку има простор за нови мрежи, а посебно што X продолжува да функционира одлично. Мрежата сега има углед на отворена мрежа каде не се врши цензура, па поради тоа има и доста критики од одредени страни.

Конкурентите очекувам дека ќе имаат милиони корисници, но нема да можат да го достигнат нивото на X, како и Twitter претходно.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаiPhone 16 ќе изгледа слично на iPhone X со мала промена на изгледот на модулот за камерите
Следна статијаСо професионално надоградување до кариерно унапредување: Ново издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.