Фото: Shutterstock.com

Дизајнот на смартфоните изминатите неколку години не се менува, со исклучок на мали промени, па тоа стана и нормално за разлика од целосните редизајни кои беа стандардни на секои година до две.

Во правец на овој нов „тренд“, остануваат и очекувањата за изгледот на iPhone 16 серијата која треба да биде претставена оваа есен. Веќе можевме да прочитаме за неколку наводни дизајн правци кои ги размислуваат од Apple, во главно за поставеноста на камерите, па најновите информации потврдуваат еден од нив.

Двата основни iPhone 16 модели можно е да изгледаат нешто во правец на изгледот на iPhone X, барем кога е во прашање задниот дел. Тоа би се постигнало со намалување на модулот за камерите, па тој, а оваа година камерите би биле поставени една под друга, би бил во ширина само колку да ги опфати нив. „Флешот“ би бил поставен надвор од модулот, па Apple би се вратиле на стилот од iPhone X кој беше променет со iPhone 12 и се користи до денес.

Уште една информација може да се прочита овој период, а ја читаме уште од минатата година, а тоа е додавањето на посебно копче за сликање кај iPhone 16 Pro модели, а тоа може да биде додадено кај сите модели.

Ова копче се очекува дека би функционирало како ваквите копчиња кај дигиталните камери, односно корисниците ќе можат да притиснат до половина за фокусирање на сликата, па целосно за да сликаат. Избор би бил достапен, па копчето ќе може да се користи и само за директно сликање, без фокусирање.

Кога сме на темата на копчиња, повторно се дискутира дали Apple ќе ги направи „капацитивни“, односно наместо вистински копчиња, тие да функционираат на допир и со вибрација, како што функционира „тракпадот“ на MacBook компјутерите.

Информациите за овој дел се толку измешани, што подобро е да се задржиме на изгледот на уредите, како и можното додавање на корисното „capture“ копче за сликање.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2Apple Insider
Претходна статијаWhatsApp овозможува други сервиси да можат да комуницираат со нивните корисници
Следна статијаBluesky ги тргна бета поканите и мрежата сега е отворена за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.