Фото: Shutterstock.com

Нешто слично како што направија производители на мобилни телефони, Tesla ќе почне да не вклучува кабел за полнење при купувањето на нивните автомобили. Купувачите ќе мора кабелот да го купат посебно, а основниот ќе се продава и по нешто пониска цена од претходно достапната.

Трендот кој го почнаа производителите на телефони изминатите години изгледа ќе се прошири и во други области, па се надеваме дека нема да почнат да продаваат телевизори и други производи без кабли и полначи.

Оваа промена која ја направи Tesla би требало да донесе повеќе купувачи на ѕидниот полнач од компанијата кој корисниците можат да го наместат во своите куќи и да го полнат својот автомобил.

Информацијата ја потврди и Елон Маск и истакна дека корисниците кои веќе имаат ѕиден полнач, како и тие кои ги користат достапни брзи полначи, немаат потреба од дополнителниот кабел кој досега доаѓаше со автомобилите.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаСо Телеком талент програмата на Сеавус до знаења и вештини за програмирање и тестирање
Следна статијаНеофицијални најави дека се ближи претставувањето на Pixel Watch од Google
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.