Фото: Tesla

Автомобилите на Tesla не се познати само по тоа што ја разбудија индустријата на електрични автомобили, па тие вклучуваат и одличен внатрешен дизајн полн со технологија. Ова посебно важи за поновите модели кои имаат екрани поставени во „пејзаж“ позиција, па на нив сега е многу подобро да се гледа достапната содржина која вклучува Netflix, играње на игри и слично.

Елон Маск пред неколку месеци најави дека покрај веќе достапните игри, се работи на интеграција на Steam сервисот за игри, иако не даде нешто повеќе информации околу тоа.

Сега Маск повторно „твитна“ информација за ова, па најавува дека веќе од идниот месец ќе може да се види првото демо на оваа интеграција, односно првите игри преку Steam.

Иако првично можноста да се играат игри во автомобилот делува како нешто непотребно или како нешто одлично за сопствениците кои имаат деца, сепак поради безбедноста, од минатата година игрите не може да се играат при возење.

Главниот екран кај Tesla автомобилите е со големина од 17 инчи и има резолуција од 2.200 на 1.300 пиксели, што значи дека може да овозможи одлично искуство. На ова треба да се додаде хардверот од AMD со RDNA 2 архитектурата, со што може да се очекува одлична графика од достапните игри.

Не треба да се очекува достапност на сите игри од сервисот, а посебно што платформата на која работи системот на Tesla не би можел да го овозможи тоа.

Ќе биде интересно да се види што ќе донесе Steam интеграцијата кај Tesla автомобилите, па чекаме до идниот месец да го видиме првото демо.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаFacebook го олеснува пристапот до објавите на пријателите, групите и страните кои ги следи корисникот
Следна статијаApple Watch ќе добие Pro верзија оваа година наменета за корисниците кои активно спортуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments