Honda, од каде минатата година најавија дека планираат целосно да престанат да нудат автомобили кои работат на фосилни горива до 2040, сега објавија план кој се надополнува на првиот.

Од компанијата најавија дека планираат да претстават 30 различни модели на целосно електрични автомобили до крајот на декадата, односно до 2030. За оваа цел тие планираат да инвестираат околу 38 милијарди евра.

Целта на компанијата е да произведува по околу 2 милиони возила годишно и да се постигне удел од 40% на електричните автомобили до 2030. Ова е доста амбициозен план, но нема причина зошто не би се остварил, посебно кога ќе се земе во предвид дека се работи за Honda.

Од Honda планираат да работат на развој и на сопствена технологија за електричните автомобили, а веќе работат со GM во САД, компанија со која ќе продолжат да соработуваат и планираат да ги претстават моделите Prologue и Acura во електрични варијанти.

Според најавите, од компанијата сакаат да претстават и доста исплатливи електрични возила, па и такви кои би се продавале по цена од околу 8000 долари.

Една од соработките која веќе е најавена за развој на електрични автомобили е таа со Sony, од која се очекува доста, а за оваа година се најавува и основање на заедничка компанија.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Honda
Претходна статијаСо X Fold, Vivo влегува на пазарот на преклопливи смартфони, за почеток само во Кина
Следна статија„Picture-in-picture“ функцијата се однесувала за YouTube TV, се исправи Google по вчерашната најава за iOS
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.