Sony неколку години веќе најавува дека планира да влезе на пазарот на електрични автомобили, во главно со развој и производство на делот за забава во автомобилите, како и сензорите и другата технологија поврзана со модерните електрични автомобили.

Сега станува јасно дека од компанијата не планираат да развиваат технологија која потоа ќе ја продаваат на повеќе производители, а тоа ќе го прави ексклузивно со Honda.

Двете компании најавија дека имаат договорено соработка за развој и производство на електрични автомобили кои треба да ги видиме на пазарот до 2025 година.

Во меѓувреме, се очекува основање на заедничка компанија која би требало да биде објавена оваа година.

Планот е да првите модели ги произведува Honda, додека развојот и дизајнот ќе ги прави ново основата заедничка компанија. Sony ќе учествува со својата технологија за забава, сензори и слично.

„Ова здружување има за цел да ги спои способностите за развој на мобилност, технологијата за производство на возила и искуството на сервис после продажба на Honda, култивирано низ многу години, со експертизата на Sony во развивањето и примената на технологии за снимање, сензори, телекомуникации, мрежи и забава, за да се создаде нова генерација на мобилност и сервиси кои се тесно усогласени со корисниците и околината и продолжуваат да еволуираат одејќи напред.“ – истакнаа од Honda.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статија„Макпетрол“: Снабдувањето со горива ќе се нормализира во следните денови
Следна статија5G мрежата на Телеком достапна и во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.