Видео содржината на мобилната апликација на YouTube за Android досега беше ограничена на 1440p, нешто што секако не е случајот со веб верзијата од сервисот, а исто така не беше случајот ни на iOS.

Со најновата верзија од YouTube на Android, корисниците сега ќе можат да ја гледаат содржината прикачена во 4K резолуција и HDR во таа форма, односно ќе можат да ја гледаат во најголемата резолуција.

Единственото нешто што останува е да се има уред кој имa 4К екран, а поради некоја причина, исто како на десктоп, YouTube не ја ограничува резолуцијата на максималната на уредот од кој се гледа, па достапни се сите резолуции до 4K.

Тоа значи дека кога гледате видео на YouTube, сепак не е лошо да ја проверите резолуцијата и да не ја избирате 4K доколку вашиот мобилен не ја поддржува и со тоа непотребно да го трошите вашиот интернет лимит.

Како и да е, со оваа новина, корисниците на Android, поточно на поскапите модели, добиваат многу подобро корисничко искуство со можноста да ја искористат способноста на нивниот екран целосно.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаHuawei го претстави Mate X2 со целосно променет концепт на превиткување
Следна статијаСо 88 апликации за патенти на уреди на преклопување, HUAWEI го претстави новиот Mate X2
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.