Еден од најпознатите видео „плеери“, VLC, оваа година ќе ја добие својата четврта верзија, а истата ќе донесе поголема надградба на апликацијата, односно повеќе новини.

Ова е навистина потребно за оваа популарна апликација во време кога повеќето корисници своите потреби од видео содржина ги исполнуваат преку стриминг сервисите кои се’ повеќе стануваат достапни и во овој дел од светот.

VLC 4.0, кој треба да стане достапен во месеците што следат, пред се ќе добие нов изглед. Може слободно да се каже дека и претходната верзија не донесе многу од аспект на модернизирање на изгледот, па оваа промена сега која се најавува е потребна.

Корисничкиот интерфејс во главно ќе биде составен од проѕирни делови, а ќе бидат сменети и иконите кои се користат во апликацијата.

Можеби уште поважно, VLC 4.0 ќе биде направен да повеќе функционира со онлајн содржина, иако сега тоа не е баш јасно што точно ќе значи. Има најави дека нешто слично како Plex, VLC 4.0 ќе донесе бесплатна содржина, а можеби и канали во живо, кои корисниците ќе можат да ги гледаат преку апликацијата бесплатно.

Уште една работа која се најавува е можноста за претставување на конкурент на IMDB, можеби наречен Moviepedia, каде корисниците ќе можат да ги добиваат сите информации за филмовите и серии, а ќе има можност и тие самите да придонесуваат.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаHuawei P50 телефоните се очекуваат за крајот на идниот месец со освежен дизајн и најновиот чип од компанијата
Следна статијаКако да го заштитите вашиот бизнис од сајбер закани?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.