Дигитализацијата секојдневно го менува светот. Начинот на кој комуницираме, работиме, плаќаме сметки и учиме е сменет, а интернет конекцијата стана најважниот елемент во новиот, поврзан свет. Затоа, безбедноста на интернет станува приоритет број еден како за поединците така и за бизнисите.

Кога поседувате сопствен телефон или компјутер, размислувате само како да ги заштитите вашите податоци од заканите коишто демнат додека пребарувате на интернет. Меѓутоа, кога имате бизнис безбедноста е уште поважна затоа што треба да ги заштитите вашите вработени и клиенти од можни хакерски напади и злоупотреби. Затоа, на вашата компанија ú е потребна целосна заштита на мрежата, со која доверливите податоци и важните информации секогаш ќе бидат заштитени од манипулација.

Професионалната заштита започнува во моментот кога ќе одберете доверлив комуникациски партнер. Доколку веќе ја имате одбрано мрежата на Македонски Телеком, важно е да знаете за SafeNet – дополнителна услуга за заштита на интернет од штетен софтвер, закани и хакерски напади. Услугата е достапна и за деловните корисници, коишто преку пакетот SafeNet OFFICE добиваат можност да ја осигураат фиксната мрежа на компанијата.

SafeNet Office е услуга којашто е достапна за сите нови и постоечки деловни корисници на пакетите Magenta 1 Business и е наменета за да го обезбеди протокот на податоци преку фиксната интернет мрежа на Македонски Телеком. Таа работи така што автоматски ги препознава заканите и опасностите (како „фишинг“ пораки, шпионски програми (spyware), злонамерни програми (malware) итн., истите ги отстранува и за тоа го известува корисникот. Услугата е вградена во самата мрежа на Македонски Телеком, а тоа значи дека за нејзино активирање не се потребни дополнителни уреди, ажурирања на софтвери и инсталација. Сѐ што е потребно е да ја активирате SafeNet OFFICE преку Telekom MK апликацијата за потоа да можете безгрижно да учествувате во онлајн размената и извршувањето на работните обврски.

Довербата во сигурноста на уредите не е доволна бидејќи вистинската закана доаѓа од она што го правите додека сте на интернет. Во време кога една сомнителна електронска порака може да им предизвика огромна штета на вашите податоци, па дури и да ги избрише или злоупотреби, бидете исклучително претпазливи како ја користите интернет технологијата. Кога ќе настане напад, секоја секунда се брои и претставува трошок. Најважно е вашиот бизнис да е сигурен и затоа не се дозволени компромиси. Уште денес заштитете го вашиот бизнис со SafeNet OFFICE од небезбедна содржина и од активности коишто можат да предизвикаат штета на вашето работење.

Дополнителната услуга SafeNet е достапна за приватни и деловни корисници, преку пакетите SafeNet HOME и SafeNet OFFICE

Повеќе информации на: https://www.telekom.mk/safenet-office.nspx

Претходна статијаVLC 4.0 се најавува за месеците што следат со целосно нов дизајн и нови функции
Следна статијаМобилната индустрија ги засилува барањата за ревизија на европските правила