Shutterstock.com

Huawei P серијата добива нови модели секоја година во март, па и за оваа година се најавува дека тоа нема да биде променето. Иако Huawei не е познато како точно ќе продолжи да функционира на светскиот пазар со оглед на непроменетата политика од страна на новата власт во САД, од нив сепак уште се очекува доста, а посебно од фановите на брендот.

Уште нема многу информации за што е тоа што би можеле да го очекуваме од P50 серијата, покрај стандардното подобрување кај камерите, нешто по кое се познати од Huawei.

Повторно се очекуваат три различни модели, односно Huawei P50, P50 Pro и P50 Pro+, барем според неофицијални извори од каде доаѓаат и информации дека треба да се очекува и одредено освежување на изгледот на телефоните.

За основниот модел се најавува дека ќе дојде со 90Hz стапка на освежување на екранот, што е сепак подобро од стандардната стапка од 60Hz, додека двата посилни модели ќе дојдат со стапка од 120Hz.

Гласините исто така кажуваат дека основниот модел ќе дојде со нешто послабата верзија од Kirin чипот, Kirin 9000E, додека останатите два модели ќе дојдат со моментално најдоброто до Huawei, Kirin 9000.

Интересно ќе биде да се види на кој оперативен систем ќе функционираат овие телефони. Не би било чудно доколку за кинескиот пазар ја видиме и првата верзија од Harmony OS, додека за остатокот од светот повторно да биде Android, иако не се очекува дека од визуелен аспект би имало некаква разлика.

ИЗВОРPhoneArena
Претходна статијаФИТР станува првата сертифицирана државна институција со ИСО 37001:2017, Стандард за спречување на корупција
Следна статијаVLC 4.0 се најавува за месеците што следат со целосно нов дизајн и нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.