Shutterstock.com

Huawei беа додадени на посебна листа од страна на американските власти во 2019 година, нешто што резултираше со забрана за соработка на американските компании со оваа компанија, а подоцна и други компании. Huawei како резултат на оваа одлука веќе нема пристап до сервисите и апликациите од Google, а додатно имаат проблем и со пристап до технологијата за чипови.

Ова секако влијае негативно на продажбите на компанијата која сега ги продава своите уреди со продавница за апликации направена од нив, но без Play Store од Google. Иако Huawei останува на врвот на пазарот, тоа во главно се должи на домашниот, кинескиот пазар, а да не беа блокадите оваа компанија можеби до сега ќе беше и на првото место во светот.

Кога стана јасно дека Доналд Трамп нема да го добие својот втор мандат, се зголемија надежите дека администрацијата на Бајден ќе го промени односот кон Huawei, па сега ги имаме и првите најави за што е тоа што може да се очекува.

Според првичните информации, нема добри вести за Huawei, односно не може да се очекува брз одлука за промена на политиката на Трамп, нешто што веќе се случува за повеќе други области.

Администрацијата на Бајден нема да брза со одлуката да ја промени политиката на Трамп кон Кина, односно барем кон Huawei, а информациите за што може да се очекува доаѓаат од министерката за трговија Џина Рајмондо.

Таа истакнува дека разбира дека страните поставени на листата се таму поради тоа што тие претставуваат ризик за националната безбедност и надворешните политики. Таа не гледа причина за да верува дека страните додадени на листата не треба да бидат на неа.

Сепак, мандатот на претседателот трае четири години, па не знаеме во кој правец ќе оди политиката на Бајден, но едно е сигурно, не може да се очекува брза одлука за одблокирање на Huawei, а прашање е дали такво нешто би можело да се очекува и подоцна во годината.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаПолесно и поефикасно перење и сушење алишта со најнапредните Samsung паметни машини
Следна статијаOrange ги промовира позитивните страни на 5G со нова рекламна кампања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.