Plex ни е познат како софтвер со кој ни се олеснува организацијата на нашите мултимедијални податоци, а потоа преку него тие ни се достапни на повеќе уреди.

Од компанијата објавија дека официјално започнуваат со услуги за гледање филмови и серии, и сето тоа ќе биде бесплатно. Ова се овозможува благодарение на партнерствата склучени со големи компании и рекламите кои ќе се појавуваат за време на гледањето.

Според нив, рекламите нема да бидат во огромен број. Платформата ќе биде достапна низ целиот свет. Од компанијата веруваат дека ќе има реклами од секој дел од светот и нема да постојано да се повторуваат истите.

Plex нуди и опција за претплата која не е задолжителна. Дел од поволностите се меморија на клауд, делење на една корисничка сметка на повеќе лица, телевизија во живо, родителска контрола…

Претходна статијаСкен на лице при влез и излез од САД?
Следна статијаНаградната игра на МојДДВ и заштита на личните податоци